•  
    •  
       

      • ТоталТВ и SBB ги воведуваат каналите Sport Klub HD

        03. феб 2012.

         

        Од 1. февруари во својата понуда ги вклучивме каналите Sport Klub HD со широка палета од најдобрите спортски натпревари.

        Одсега нашите корисници можат да следат уште три спортски канали во HD квалитет: Sport Klub HD, Sport Klub + HD и Sport Klub Premium HD.

        SK Premium HD на љубителите на спортот ќе им овозможи уживање во потполн HD квалитет на сите програмски содржини, додека на останатите SK HD канали програмата што е во изворната HD резолуција ќе биде застапена повеќе од 60%. Останатиот дел на програмата ќе биде конвертиран во HD формат.

        Сите корисници кои поседуваат HD и HD DVR дигитални приемници, во промотивниот период, до крајот на март 2012. година, ќе имаат можност бесплатно да уживаат во Sport Klub HD програмите. Од 1. февруари каналите Sport Klub HD ќе бидат вклучени во постоечкиот HD ТоталТВ пакет по важечка цена на пакетот.

        Во најдобрата резолуција можете да ги гледате преносите на англиската фудбалска лига - Премиер лига, американската професионална кошаркашка лига - NBA, Евролига, тениските турнири како што се Masters 1000 и 500, како и Grand Slam Wimbledon, хокеј, голф и многу други интересни спортски содржини. На тоа треба да се додаде и дека шпанската прва и втора фудбалска лига (Primera i Segunda Division) ексклузивно пристигнуваат на овие канали во август 2012.

        Со преоѓање на новата дигитална платформа, кој е планирана оваа есен, сите дигитални приемници ќе бидат во HD стандард. Тоа е воедно и нашиот прв чекор во подготовка за новата ера на телевизијата, каде HD содржините ќе станат дел од стандарната понуда.

         

         





         

        Останати текстови

  •